четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 175
home Вести

Влошена здравствената состојба на Асанж

Влошена здравствената состојба на Асанж

Здравјето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж неодамна е влошено и се очекува тој да ја напушти Амбасадата на Еквдор  во Лондон следните недели, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани лица.

Асанж претстојува во Амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година, но неговата слобода надвор од дипломатската мисија не е гарантирана.

Основачот на Викиликс може да биде уапсен поради неплатена кауција во Лондон, а исто така тој стравува дека ќе биде екстрадиран во САД, каде го бараат поради објавување на тајни дипломатски документи.

Асанж најде уточиште во Амбасадата на Еквадор откако шведските власти го обвинија за силување. Обвинението во меѓувреме е отфрлено.

Коронавирус