недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 26
home Вести

Властите во Авганистан трагаат по 37 лица кои побегнале од болница со сомненија дека се заразени со коронавирус

Властите во Авганистан трагаат по 37 лица кои побегнале од болница со сомненија дека се заразени со коронавирус

Најмалку 37 лица со сомнение дека имаат коронавирус побегнале од болница во Херат во западен Авганистан, извести портпаролот на министерот за здравство на Авганистан.

Луѓето биле во изолација, а во бегството од болницата им помогнале роднини, откако го претепале персоналот на болницата, изјави портпаролот Вахидулах Мајар.

Мајар, исто така, ја критикуваше полицијата бидејќи не преземала ништо за контрола на ситуацијата.

Во меѓувреме портпаролот на гувернерот на Херат, Фахрад Џелани истакна дека едно од лицата кои се во бегство е позитивен на коронавирусот.

Власта на Авганистан успеа да пронајде седум од лицата кои избегале и да ги врати во болница. Потрагата за останатите продолжува.

Луѓето кои побегнале од болницата неодамна се вратиле од Иран, наведува авганистанското министерство за здравство.

Коронавирус