четврток, 13. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Владин функционер во Гана поднесе оставка поради кршење на мерка за самоизолација

Владин функционер во Гана поднесе оставка поради кршење на мерка за самоизолација
Ghana's President Nana Akufo-Addo is seen during the opening day of the International Labour Organization's annual labour conference in Geneva, Switzerland June 10, 2019. REUTERS/Denis Balibouse - RC16C6048810

Заменик министерот за трговија и индустрија во Владата на Гана поднесе оставка затоа што го прекршил правилото за самоизолација.

Како што соопшти денеска претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо, заменик министерот признал дека ги прекршил протоколите за спречување на епидемијата со тоа шѕо, иако било потврдено дека е заразен со коронавирусот, тој посетил еден центар за регистрација во својата изборна единица пред истекот на задолжителниот период за изолација.

Во Гана до сега се потврдени 18.134 заразени со Ковид-19, а починале 117 луѓе.

И министерот за здравство на Гана, Кваку Агеман Ману минатиот месец беше позитивен на коронавирусот.

Коронавирус