петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 23
home Вести

Владата во Триполи најави примирје и побара демилитаризација на Сирт

Владата во Триполи најави примирје и побара демилитаризација на Сирт

Либиската Влада, поддржана од ОН, објави прекин на огнот и повика на демилитаризација на градот Сирт кој е контролиран од силите на Калиф Хифтер.

Покрај тоа, владата во Триполи повика на деблокирање на снабдувањето со нафта наметнато од ривалската страна претходно оваа година и распишување парламентарни и претседателски избори следниот март.

Силите на командантот Калиф Хифтер почнаа офанзива во април 2019 година, во обид да го заземат главниот град Триполи, но нивната офанзива пропадна уште во јуни, откако здружените сили за Триполи, со турска поддршка, успеаја да го одвратат непријателот. (МИА)

Коронавирус