понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Вкупно 7.927 лица починале поради коронавирус

Вкупно 7.927 лица починале поради коронавирус

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 196.724 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 7.927, а оздравеле 81.683 луѓе.

Италија – Најмалку десет свештеници во Италија починале од коронаворусот.

Во земјата вкупно се регистрирани 31.506 заразени, само во последните 24 часа има нови 3.526 случаи. Вкупно досега починале 2.503 лица, а оздравеле 2.941.

Германија – 2.080 нови случаи во Германија. Вкупно досега се регистрирани 9.352 заразени.

Концернот Дајмлер, кој е сопственик и на Мерцедес, соопшти дека на две недели го прекинува произвидството во Европа.

Сличен чекор преземаа и Фолксваген и Ауди, а Рено вчера соопшти дека го прекинува производтсвото во француските фабрики.

Велика Британија – Бројот на починати се зголеми на 71. Вкупно се заразени 1.950 луѓе.

Британскиот премиер Борис Џонсон значително го смени мислењето за коронавирусот. Иако првичниот план на британските власти беше луѓето да се пуштат да се заразат со коронавирусот, Џонсон сега вели дека Велика Британија можеби ќе треба да оди „подалеку и побрзо“ во наредните денови во борбата против коронавирусот. Тој додаде дека вирусот може да биде смртоносен, но дека може да се победи. Џонсон рече дека неговата Влада ќе се однесува како да станува збор за воена состојба.

Саудиска Арабија – Забранети се верски собирања во сите џамии освен во онаа во Мека.

Франција – На улиците во Франција се рапоредени 100.000 полицајци на кои ќе им помогне и армијата за да се обезбеди дека сите ги почитуваат 15-дневните мерки за карантин.

Во земјата се регистрирани 1.097 нови случаи и 27 со смртни последици. Вкупно починати се 175, а заразени 7.730.

САД – Во САД се заразени најмалку 5.723 луѓе.

Србија – Вкупниот број на заразени се искачи на 72 лица.

Кина – Кина на своите научници им даде зелено светло да почнат да тестираат вакцина против коронавирусот на волонтери.

Сомалија – Потврден првиот случај на коронавирус.

Локални избори 2021