недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Вистински хорор: Тригодишни близнаци биле заклучувани во кафез, родителите се уапсени

Вистински хорор: Тригодишни близнаци биле заклучувани во кафез, родителите се уапсени

Полицијата на југоисточниот бразилски град Апарецидина пронашле во една куќа тригодишни близнаци, кои родителите ги заклучиле во мал дрвен кафез.

Полицијата во куќата на родителите на близнаците, 37- годишна мајка и 40- годишен татко, дошла по пријава на соседите, кои рекле дека децата се редовно заклучувани во дрвената кутија, со решетки, налик на кафез.

Кога полицијата влегла во просторијата во која биле заклучени децата, ги пронашла во дрвен кафез, затворени со ланец и катанец, како ѕиркаат низ решетките.

Родителите на тригодишните близнаци и рекле на полицијата дека децата ги заклучувале, бидејќи морале да работат во куќата и околу куќата, на фармата. Тие се уапсени и ќе бидат процесуирани поради негрижа кон децата.

Локалниот шеф на полицијата изјави дека децата ќе бидат одведени во прифатилиште и оти по првите прегледи не покажуваат знаци на каква било тортура.

(Миа)

Коронавирус