недела, 20. септември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Вишокот килограми ризичен фактор кај заболените од Ковид-19

Вишокот килограми ризичен фактор кај заболените од Ковид-19

Дебелината го зголемува ризикот од компликации на коронавирусот, покажува последното истражување на Националниот здравствен сервис во Англија.

Направено со податоци од сите заразени со КОВИД 19 кои завршиле на интезивна нега во оваа земја. Според истото, повеќе од 60 проценти од заразените со КОВИД 19 на кои им било неопходно интензивно лекување и респираторен апарат, се со прекумерна телесна тежина.

Дел со светските здравствени експерти, потпирајќи се токму на ова истражување, коментираат дека доколку пациентот се соочува со зголемена тежина, постои голема веројатност да има заболувања како дијабет, што секако, може да резултира со компликации.

-Доколку некој има зголемена телесна тежина, веројатно има и проблеми при дишењето, или кардиоваскуларни проблеми. Па сметам дека поважен е степенот на колерација помеѓу ова кај обезноста, а не дека толку причина за ризикот.Но, секако, советувам сега, повеќе од било кога, сите повеќе да внимаваат на здравствената состојба. Така, доколку можете, симнете ги вишокот на килограми, хранете се здраво, вели проф. Д-р Џон Кембел – Англија

Според познавачите, дебелината е главен ризик фактор за зараза.

-Обезноста, исто како пушењето цигари, е главен ризик за голем број болести кои можат да резултираат и со смрт. Дури 45 проценти од населението во САД е со зголемена телесна тежина или речиси половина од граѓаните се прекумерно обезни, и од машки и од женски пол. Па, загрижува можноста дека ќе имаме поголем број на вакви случаи, токму поради вакви ризик фактори , изјави проф. Д-р Мајкл Остерхолм – Епидемиолог Центар за заразни болести Минесота.

Најмладиот пациент кој почина од КОВИД 19 во Македонија, исто така, според изјавата на министерот Филипче, го имал овој ризик фактор.

Освен ризиците за заболување, се истражува и пренесувањето на копронавирусот. Нова германска студија става крај на дилемите во однос на тоа дали КОВИД 19 можеме да се заразиме преку воздух. Според истражувањето на Центарот за вирусологија во Бон КОВИД 19 не може да се вдише и не останува на овошје и на зеленчук, туку се пренесува само преку капки.

Коронавирус