среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Виетнам воведе двонеделен карантин во градот Да Нанг

Виетнам воведе двонеделен карантин во градот Да Нанг

Виетнам денеска прогласи двонеделен карантин во третиот град по големина во земјата, откако биле потврдени уште 15 случаи на заразени со коронавирус во болниците, соопшти Владата.

Заразени се неколку пациенти и здравствени работници во болницата „Да Нанг“ во истоимениот град.

Јавниот превоз од и во градот Да Нанг е откажан. За илјадници, повеќето виетнамски туристи, заврши одморот во тоа популарно летувалиште на брегот на Јужното Кинеско Море. Властите процениле дека неколку стотина луѓе поради откажаниот превоз ќе бидат блокирани во Да Нанг и затоа побарале од хотелите да им овозможат сместување.

Виетнамската Влада во неделата наложи затворање на сите оние претпријатија кои не извршуваат неопходна дејност и побара од луѓето да држат физичка дистанца во градот, каде живеат повеќе од еден милион жители.

Досега во земјата се регистрирани 531 заразен со Ковид-19, а нема ниту еден смртен случај.

Коронавирус