петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 78
home Вести

Виетнам ќе привлекува кинески туристи со казино вредно четири милијарди долари

Виетнам ќе привлекува кинески туристи со казино вредно четири милијарди долари

Компанијата Сансити планира следната година да го отвори досега најголемото казино во Виетнам. Проектот Хојана се простира на 1.000 хектари и изградбата на планираните хотели, голф терени и водни паркови чини околу четири милијарди долари.

Главна цел на казиното се кинеските туристи. Сансити веќе стопанисува казина во Макао и има искуство во бизнисот.

Во Виетнам паралелно се градат уште два големи казино-комплекси, во Вон Дон на северот на земјата и на островот Фу Кок, кои ќе бидат отворени и за виетнамските државјани.

(Миа)

Коронавирус