четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Виенската балетска академија погодена од скандал – ги терале децата да пушат за да бидат слаби

Виенската балетска академија погодена од скандал – ги терале децата да пушат за да бидат слаби

Деца во престижната балаетска академија на Виенската опера биле приморувани  да пушат за да ја контролираат својата тежина, се нагласува во истрага, јави Би-Би-Си.

Специјален комитет ги испитува наводите дека академијата ја загрозува благосостојбата на децата кои биле изложени на тешка обука и практики. „Јасно е дека децата и младите не се доволно заштитени од дискриминација, небрежност и негативни медицински ефекти“, се вели во извештај на комисијата.

Скандалот почна во април по медиумскиот извештај во кој беше обвинета академијата во познатата државна опера во Виена за нанесување сериозни физички и ментални злоупотреби на своите студенти, како и за сексуален напад.

Неделниот весник „Фалтер“ објави детална истрага во која се изложени на методи „од 19-ти век“, во кои се тврди дека младите танчерки биле удирани, изгребани додека не крварат, биле влечени за косата и ги понижувале поради  физичкиот изглед, и поради тоа кај некои се развила анорексија.

Виенската опера соопшти дека ќе го анаизира извештајот пред да даде одговор. Академијата формирана во 1771 година е една од најпрестижните европски балетски училишта. з