петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 66
home Вести

ВИДНО ОСЛАБЕН: Прва видео снимка од Асанж во затворот во Велика Британија (ВИДЕО)

ВИДНО ОСЛАБЕН: Прва видео снимка од Асанж во затворот во Велика Британија (ВИДЕО)

Раша Тудеј објави прва видео снимка од основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж од затворот Белмарш во Велика Британија.

На видео снимката се гледа Асанж кој е видно ослабен, кој што разговара со луѓето за кои се претпоставува дека се негови цимери од келијата.

Исто така, камерата ја снимила и малата келија, со книги и весници расфрлани по подот.

Од РТ не потврдуваат дали видеото е направено во келијата на основачот на „Викиликс“.

Инаку, Џулијан Асанж, е уапсен во Лодон на 11-ти април оваа година во просториите од амбасадата на Еквадор, каде ги помина последните седум години.

Асанж доби азил во еквадорската амбасада за да избегне екстрадиција во Шведска, каде што го чекаше судење под обвинение за сексуален напад, што во меѓувреме беше отфрлено.

Асанж беше уапсен од страна на полициските служби од Лондон врз основа на налог од 2012 година за непојавување на суд.

47-годишниот Асанж беше баран и од САД, каде што Министерството за правда има покренато обвиненија против него за објавување тајни документи.

Еквадорскиот претседател Ленин Морено тогаш изјави дека го повлекол азилот на Асанж поради постојано прекршување на меѓународни конвенции.