вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 30
home Вести

ВИДЕО: Застрашувачка сцена во средно училиште, ученик впери пиштол во професор

ВИДЕО: Застрашувачка сцена во средно училиште, ученик впери пиштол во професор

Средношколец на Католичкото училиште во Аргентина бил снимек како вперува пиштол во главата на професор, додека професорот е свртен со грб.

Вознемирувачкиот инцидент се случил во јули во училиштето Емаус во Ел Паломар во Буенос Аирес, пред учениците да бидат пуштени на распуст. Видеото неодамна стана вирално откако беше објавено на социјалните мрежи.

17-годишен ученик, чие име е непознато, бил виден како со пластичен револвер покажува кон учителот Еудард Сек, додека тој објаснувал лекција.

Друг ученик пак, станал и застанал зад ученикот со пиштол, и се смеел. Тогаш позирале за фотографија.

Управата на училиштето оваа недела спровела интерна истрага со учениците и нивните родители и ги осудиле за оваа постапка. Ученикот кој во училиштето донел лажно оружје, бил ослободен од вината, затоа што не учествувал во инцидентот.

На ученикот кој го вперил пиштолот и неговите тројца пријатели кои учествувале во инцидентот ќе им биде дозволено да ја завршат годината, но забрането им е да го посетуваат училиштето во 2020 година.

Коронавирус