понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Вработена на аеродром му дала порака во рака на патник- експресно била отпуштена од работа

ВИДЕО: Вработена на аеродром му дала порака во рака на патник- експресно била отпуштена од работа

Вработена во обезбедување на аеродром во Њујорк добила отказ затоа што на еден патник во рака му дала порака „Грд си!!!“

Инцидентот се случил во јуни, но за него се дознало неделава, кога патникот Нил Страснер добил снимка од надзорната камера и ја објавил на Јутјуб.

На снимката од меѓународниот аеродром „Грејдер Рочестер“ се гледа како вработената му дава порака на Страснер, откако тој поминува низ детекторот за метал.

Страснер вели дека во тој момент не размислувал за пораката и дека продолжил кон излезот, но вработената викнала по него: „Ќе ја прочиташ ли мојата порака?“

Кога ја прочитал, таа почнала да се смее, а тој подоцна се пожалил на нејзините супервизори. Службата за сообраќајна безбедност соопштила дека жената работела како обезбедување по договор, и истакнале дека имаат нулта толеранција за таков вид на однесување на вработените.