недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Вести

ВИДЕО: Возач на комбе намерно оди преку вирови и ги прска пешаците

ВИДЕО: Возач на комбе намерно оди преку вирови и ги прска пешаците

Возач на комби кој уживал во прскање пешаци на улиците на Отава, добил отказ од работодавачот откако на интернет се појави видео снимка од неговиот подвиг.

Возачот е снимен како намерно преминува преку големи вирови по дожд, долж тротоарот на главните улици во Отава каде ги прскал пешаците. Видео снимката од 45 секунди на Јутјуб има над 900.000 прегледи до денеска.

Работодавачот на возачот, градежната компанија Блек анд МекДонлад се извини на својот профил на Фејсбук оценувајќи го како неприфатливо однесувањето на вработениот кој веднаш добил отказ.

-Сакаме да ја увериме јавноста дека безбедноста е наш приоритет. Станува збор за изолиран инцидент и таа личност веќе не работи за нас, се вели во соопштението.