среда, 23. јануари 2019. Вести денес: 128
home Вести

ВИДЕО: Во тунел во Швајцарија се запали автобус полн со ученици од Сплит

ВИДЕО: Во тунел во Швајцарија се запали автобус полн со ученици од Сплит

Автобус полн со средношколци се запалил денес во Швајцарија. Децата кои биле во посета на Швајцарија се од Сплит, Хрватска и за среќа успеале навреме да излезат од автобусот кој почнал да гори во тунел.

-Пламенот дојде од надвор, се се случи во тунел. Истрчавме кон вратите и сите излеговме навреме, вели еден од учениците за ХРТ.

Родител на ученик кој бил во автобусот за Далмација Данас раскажува што се случило.

-Ми се јави синот по оваа несреќа и веднаш нагласи дека се добро. Сепак, првиот час го поминав во страв бидејќи не знаев никакви детали, а по еден час едвај успеав да го добијам синот. Автобусот се запалил и изгорел во тунел. Инаку, во Швајцарија се во изминатите 7 дена, а на скијање беа голем број ученици од разни училишта од Сплит кои денес со 3 или 4 автобуси се враќаа дома, раскажува родителот.

На дел од учениците им изгореле документите, мобилните телефони, дури и куферите, но важно е дека сите деца се добро, а во моментов се згрижени во еден пожарникарски дом во близина на тунелот во кој се случила несреќата.

Точната причина за избувнувањето на пожарот не е позната.