петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 11
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во болница во која можат да се сместат до 4.000 пациенти.

Во неа ќе се сместат само пациенти со коронавирус кои немаат други здравствени проблеми или хронични заболувања. Потешките случаи ќе продолжат да се третираат во поголемите болници низ целата земја.

„Ние сме навикнати да се бориме, но ова е борба што сè уште не сме ја виделе. Ние се бориме со невидлив непријател и немаме многу време. Планирањето беше многу кратко и задоволни сме од тоа како испадна. Доколку е потребно, можеме да го направиме ова насекаде во светот“, рече полковникот Ешли Борехам.

Коронавирус