понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 166
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВИДЕО: Верижен судир на околу 200 возила во Канада, загинати две лица

ВИДЕО: Верижен судир на околу 200 возила во Канада, загинати две лица

Две лица загинаа, а 90 се повредени во вчерашниот верижен судир на околу 200 возила во реонот на градот Ла Прери, јужно од Монтреал, соопшти канадската полиција.

Здравствените власти соопштија дека 60 луѓе се здобиле со полесни, а 30 со посериозни повреди. Полицијата потврди дека двајцата загинати се наоѓале во исто возило.

Министерот за транспорт на провинцијата Квебек, Франсоа Бонардел изјави дека причина за несреќата е ненадејна виулица, која предизвикала намалена видливост.

Според локалните медиуми, меѓу судрените возила имало десет камиони, шлепер со гориво, патнички и училишни автобуси во кои имало деца, но за среќа меѓу нив нема повредени. На местото на инцидентот веднаш биле испратени десетици амбулантни и пожарникарски возила.

Коронавирус