четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

(ВИДЕО) Ураган со јачина од 145 километри на час и се заканува на Европа

(ВИДЕО) Ураган со јачина од 145 километри на час и се заканува на Европа

Ураганот Лоренцо денеска стигна Азорските острови каде донесе обилен дожд, силен ветер и големи бранови.

Според првичните извештаи, ураганот веќе направил мала материјална штета.

Според Агенцијата за цивилна заштита на Азорските острови, ураганот од втора категорија урнал дрвја на патиштата и многу домови останале без струја.

Јачината на ураганот, кој се движи кон Ирска и Велика Британија со 145 километри на час, е многу ретка во овој дел на Атлантикот, сметаат експертите.

Премиерот на Португалија, Антонио Коста изјави дека рано утрово разговарал со локалните власти на Азорите и оти констатирале дека „работите не биле толку лоши како што се стравувало“.

Азорите опфаќаат девет вулкански острови со 250.000 жители.

Како што се приближуваше Лоренцо, на седум од нив беше прогласена црвена тревога, училиштата и владините канцеларии не работат, а луѓето беа советувани да не излегуваат надвор.

Сите авионски летови до и од архипелагот беа откажани, а затворени се и некои пристаништа.