сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Уапсен гувернер на руска област поради сомневања за убиства

ВИДЕО: Уапсен гувернер на руска област поради сомневања за убиства

Гувернерот на регионот Кабаровск на рускиот далечен исток, беше уапсен под сомнение дека организирал убиство и обид за убиство.

Според рускиот истражен комитет, Сергеј Фургал бил уапсен во врска со истрага за случај против организирана криминална група, осомничена за убиства и напади врз деловни луѓе во областите Кабаровск и Амур во 2004 и 2005 година.

Апсењето го потврди прес-службата на Фургал.

„Гувернерот на регионот Кабаровската област, Сергеј Фургал, беше уапсен утрово во близина на неговата куќа. Тој дури немаше време … да назначи наследник на позицијата гувернер”, се вели во соопштението на прес-службата.

Коронавирус