среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 153
home Вести

ВИДЕО: Татко нападна педофил кој му ги злоставувал трите ќерки, жестоката реакција ја оправдуваат сите

Инцидентот се случил додека судот ја читал пресудата за последниот случај во кој Насар бил осомничен.
ВИДЕО: Татко нападна педофил кој му ги злоставувал трите ќерки, жестоката реакција ја оправдуваат сите

Татко на три американски спортистки кои биле злоставувани од страна на Лери Насар додека работел како спортски лекар го нападнал педофилот за време на рочиште.

Инцидентот се случил додека судот ја читал пресудата за последниот случај во кој Насар бил осомничен.

На видеото може да се види дека таткото најпрво бара од судот пет минути во заклучена просторија со докторот, но неговото барање е одбиено.

Потоа бара една минута, но повторно наидува на негативен одговор. Најпосле вели „Штом е така, јас ќе дојдам таму“ и се доближува кон Насар. Човекот во истиот миг е совладан од страна на полицијата.

Корисниците на социјалните мрежи не го осудуваат ова насилство и бројни татковци коментираат дека би го направиле истото.

Локални избори 2021