недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Судири меѓу полицијата и демонстрантите на протестот во Брисел

ВИДЕО: Судири меѓу полицијата и демонстрантите на протестот во Брисел

Полицијата распореди водени топови за време на протестот против контроверзниот пакт за миграција на ОН во Брисел. Полицајците влегоа во судир со демонстрантите кои фрлаа петарди.

Протестот се одвиваше под мото „Марш против Маракеш“ според името на градот каде што во декември беше потпишан договорот. Организиран е од страна на десничарската партија Вламс беланг која долго време е гласен противник на договорот.

Протестот првично започнал мирно, по што некои од учесниците палеле петарди и фрлале шишиња додека се движеле по улицата.

Полицијата соопшти дека најмалку 5.000 лица учествувале во протестот во главниот град на Белгија. Во центарот на градот исто така се одржал и посебен контра-протест од околу 1.000 лица, организирани од левичарски групи и невладини организации.