сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Снимка која го шокираше светот, најубавото море изгледа како депонија полна со отпад

ВИДЕО: Снимка која го шокираше светот, најубавото море изгледа како депонија полна со отпад

Овие денови на социјалните мрежи кружи снимка од Карипското море кое е преплавено во пластика.

Ужасната сцена е забележана на крајбрежјето на градот Санто Доминго во Доминиканската Република, а покажува дека луѓето немаме ниту малку почит кон природата.

Снимката е објавена со цел да предупреди, привлече внимание и да ги повика граѓаните да водат сметка за природата и да се грижат за истата, како и тоа дека оваа количина на отпад во морето не е добра ниту за нивното здравје.

Организацијата која се занимава со зачувување на животната средина во тамошниот град ги исчисти овие отпадоци.

“После три дена чистење од морето извлековме 30 тони пластика, а работа има уште”, стои во описот на снимката која кружи на социјалните мрежи.

Коронавирус