недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 20
home Вести

ВИДЕО: Сите се сомневаа дека Кинезите може да изградат болница до крајот на месецот – работите напредуваат

ВИДЕО: Сите се сомневаа дека Кинезите може да изградат болница до крајот на месецот – работите напредуваат

Властите на кинескиот град Вухан пред неколку дена објавија дека до 1. февруари ќе изградат две болници за пациенти заразени од новиот коронавирус. Иако сите се сомневаа дека тоа ќе го направат, затоа што изградбата започна пред три дена, работите прилично напредуваат.

Вухан е жариште на овој вирус, а досега починале 81. лица додека заразени се околу 2.800 луѓе. Во болниците повеќе нема место, поради што падна оваа одлука.

Кина и претходно успевала да изгради вакви објекти во краток временски период. Така поради епидемијата САРС во Пекинг за една недела беше изградена болница.

А, како се изгледа можете да погледнете на снимката:

Коронавирус