петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВИДЕО: Шумски пожар близу Чернобил, регистрирана зголемена радиоактивност

ВИДЕО: Шумски пожар близу Чернобил, регистрирана зголемена радиоактивност

Во Украина е регистрирано синоќа зголемување на радиоактивноста поради шумски пожар што избувна во саботата во област околу нуклеарната централа Чернобил, каде во 1986 година се случи најголемата нуклеарна несреќа во историјата.

„Имаме лоши вести, радиоактивноста е повисока од нормалната во срцето на пожарот“, напиша на Фејсбук, Егор Фирсов, кој раководи со службата за инспекција на животната средина.

Пораката на Фирс беше придружена со видео-снимка од Гајгер-милеров бројач што покажува 16 пати поголема радиоактивност од нормалната.

Пожарот зафати повеќе од 100 хектари шума околу централата на 100 километри северно од Киев.

Коронавирус