среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 87
home Вести

ВИДЕО: Се запали воз во движење во Пакистан, најмалку 65 загинати

ВИДЕО: Се запали воз во движење во Пакистан, најмалку 65 загинати

Најмалку 65 лица загинаа во пожар кој изувна во воз во движење во Пакистан.

Полицијата информирала дека пожарот се појавил по експлозија на плинска боца која патниците ја користеле да подготват појадок.

Калим Улах од службата за вонредни ситуации изјавил дека неколку од повредените лица се во критична состојба, а биле извлечени од пламенот.

Се стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми.

Министерот за железница на Пакистан изјавил дека најголем број од загинатите се патници кои го загубиле животот скокајќи од возот.