недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 49
home Вести

ВИДЕО: Само дим и пепел- објавена снимка од местото каде се урна авионот во кој загина најбогатата Русинка

ВИДЕО: Само дим и пепел- објавена снимка од местото каде се урна авионот во кој загина најбогатата Русинка

Каналот hr-fernsehen објави снимка од местото на авионската несреќа во која загина една од сопственичките на авионската компанија S7 Наталија Филева.

Таа, заедно со татко си Валери Карачев летала на лекување воГерманија во приватниот авион, Епик ЛТ.

При слетување на аеродромот Егелсберг во Франкфурт малиот авион од непознати причини се урнал. Никој не ја преживеал оваа несреќа.

Истрагата ќе ја води меѓународна комисија, со учество на руски експерти.

Богатството на Наталија Филева се проценува на околу 600 милиони долари.

Коронавирус