петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Русин се поли со бензин и се запали на улица

ВИДЕО: Русин се поли со бензин и се запали на улица

Маж вчера се полил во бензин и се запалил на една од најпознатите улици во Москва. Тој е хоспитализиран и се наоѓа во тешка сосотојба.

Инцидентот го снимил случаен минувач, додека полицијата и други минувачи се обидувале да му помогнат на човекот.

Медиумите наведуваат дека инцидентот не е поврзан со протестите кои се одржуваат како поддршка за Алексеј Навални. Извор од Итната медицинска служба навел дека човекот имал проблеми со долгови, додека други наведуваат дека имал психички проблеми.

Коронавирус