четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 84
home Вести

ВИДЕО: Расте бројот на жртви по ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд

ВИДЕО: Расте бројот на жртви по ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд

Потврдена е смртта на уште две лица по ерупцијата на вулканот на островот Вајт , па сега официјално бројот на настрадани е осуммина.

Полицијата соопшти дека жртвите починале во болницата од повредите здобиени за време на трагична ерупција на Нов Зеланд.

Хирурзите соопштија дека третманот на преживеаните е попречен од специфичноста на изгорениците поради ерупција на хемикали и дека 22 пациенти сè уште дишат со апарат, пренесуваат локалните медиуми.

Лекарите соопштија дека денес побарале околу 100 квадратни метри кожа од САД за да ги лекуваат преживеаните од кои некои имаат изгореници на дури 95 проценти од нивните тела.

Да потсетиме дека за време на ерупцијата, на островот имало 47 туристи, а шестмина наскоро биле потврдени за мртви. 30 туристи завршиле во болница со изгореници, од кои некои сè уште се во животна опасност.

Кога избувнал вулканот, луѓето кои престојувале близу најверојатно биле прекриени со облаци со топла пареа, токсични гасови и експлозија на карпи.

Според вулканологот Џесика Џонсон од Универзитетот во Источна Англија, млазот на токсични гасови бил толку интензивен што посетителите мирисале на хемикалии.

Дерек Вајман, геолог од Универзитетот во Сиднеј, верува дека за време на ерупцијата, вулканот исфрлил материјал со температура од 1000 степени Целзиусови.

Коронавирус