недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 48
home Вести

ВИДЕО: Пожар во Трговски центар, луѓе рипаа од прозорците, активирани и авионите и војската

ВИДЕО: Пожар во Трговски центар, луѓе рипаа од прозорците, активирани и авионите и војската

Огромен пожар изби на 9. кат, од вкупно 19 на деловна зграда во Бангладеш, само на неколку недели откако ваква трагедија однесе 70 животи во престолнината Дака.

На местото на несреќата се 19 единици за гасење на пожар. Морнарицата и воздухопловството на Бангладеш им се приклучија во напорите да се совлада огнот и да им се помогне на луѓето заробени внатре, рече преставникот на полцијата Мухамед Расел.

Се уште нема официјални податоци за жртвите но се стравува дека огнот заробил повеќе луѓе во кулата во Бананија, трговски кварт во Бангладеш.

Локалните новинари известија дека виделе најмалку 6 лица како скокаат од запалената зграда. Хеликоптерите кружат над солитерот за да ги спасат луѓето од покривот на зградата.

 

Коронавирус