четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Пожар во болница во Романија однесе најмалку 10 животи

ВИДЕО: Пожар во болница во Романија однесе најмалку 10 животи

Најмалку 10 лица загинаа синоќа во пожар што зафати болница на северот на Романија каде се сместени пациенти кои се лекуваат од Ковид-19, соопштија локалните власти.

Службата за итни случаи на северниот романски регион Неамт објави дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега. Пожарот зафатил две простории во болницата каде се лекуваат 19 пациенти со Ковид-19.

Пожарот е изгаснат и засега не е познато што го предизвикало.

Коронавирус