сабота, 28. март 2020. Вести денес: 92
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

(ВИДЕО) ПОТОНАА ВО МРАК: Скоро цела држава е без струја

(ВИДЕО) ПОТОНАА ВО МРАК: Скоро цела држава е без струја

Делови од Венецуела денеска немаат струја по вчерашната хаварија на електродитрибутивната мрежа.

Без електрична енергија е и главниот град Каракас.

Во Каракас е хаос по улиците и во болниците. Сериозни проблеми има и во водоснабдувањето и телефонските врски. Прекин на работата има и во неколку венецуелски телевизии.

Претседателот Николас Мадуро нареди училиштата, државните компании и служби да не работат денеска, за да се олесни работата на тимовите вклучени во поправките на мрежата за дистрибуција.

Владата на Венецуела ги обвини САД за хаваријата и нагласија дека Вашингтон реализира „електрична војна“ против Каракас.

„Сменувањето струја и уништувањето на обичните Венецуелци не е се предизвикани од САД“, му одговори шефот на американската дипломатија Мајк Помпео на социјалните мрежи на Мадуро.

Според него, недостигот од струја и гладот се резултат на неспособноста на диктатурата на Мадуро.

Опозицискиот лидер и самопрогласен привремен претседател Хуан Гуиадо вели дека само една венецуелска сојузна држава има струја, а дека главниот град Каракас е без струја „рекордни“ шест часа.