понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 166
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВИДЕО: Половина милион школки пронајдени мртви на плажа во Нов Зеланд

ВИДЕО: Половина милион школки пронајдени мртви на плажа во Нов Зеланд

Климатските промени повторно однесоа животи на многу живи суштества. Овој пат е во Нов Зеланд на плажата Маунгануи Блаф. Еден локален жител, Брендон Фергусон и неговото семејство пронајдоа стотици илјади мртви школки исфрлени на брегот минатата недела.

Тој тргнал да собере храна со семејството и пријателите кога ја забележал катастрофалната сцена на плажа. Фергусон објавил и видео на Фејсбук.

– Мирисаше на мртви гнили морски плодови, рече Фергусон. – Некои од школките беа празни, некои беа мртви. Некои само плутаа наоколу во плимата. Имаше повеќе од 500.000 школки и лушпи на брегот.

За смртта на овие школки тој ги обвинува зголемувањето на температурата и затоплувањето на морските води. Тој рече дека во минатото бил сведок на ваков вид настан на истата плажа, кога морето на брегот исфрла различни видови школки.

Во извештај за 2019 година од Владата на Нов Зеланд се вели дека меѓу 1981 и 2018 година, вкупните температури на морската површина низ четирите океански региони на Нов Зеланд, вклучувајќи ги Чатам Рајс, Тасманското Море, суптропскиот и субантарктикот, се зголемиле од 0,1 до 0,2 Целзиусови степени по деценија. Ова е значително зголемување и има разорен ефект врз морската екологија.

Секретарот за животна средина на Нов Зеланд, Вики Робертсон, пишува во извештајот дека океаните на Нов Зеланд се однесуваат како гигантски сунѓер против ефектите од климатските промени. Тој вели дека способноста на водата да апсорбира јаглерод диоксид се намалува кога е потопла, создавајќи силно влијание врз климатските промени.

– Погоден е порастот на видовите во океаните, а крајбрежните заедници и живеалишта се изложени на ризик од поплавување и пораст на нивото на морето, вели Робертсон.

Ендрју Џеф, морски научник од Универзитетот во Окланд, донекаде се согласува со Фергусен, велејќи дека школките во неговото видео веројатно умреле од „топлотен стрес“ предизвикан од топлото време и слабите плима и осека. Џефс исто така додаде и остро предвидување дека наскоро мекотелите може целосно да исчезнат од Нов Зеланд бидејќи температурите продолжуваат да растат.

Како што кризата со климатските промени се интензивира со секој изминат ден, сè повеќе животни форми се соочуваат со смрт. Фергусон се плаши дека идната генерација може да пропушти многу работи. Тој е скршен од болка затоа што гледа како исчезнуваат домашни видови од неговиот роден град.

Тој вели дека го споделил своето видео со надеж дека глобалната заедница ќе ги забележи ефектите од климатските промени што се случуваат пред неговиот праг. Ако ваквите инциденти не ги отворат очите на владите низ целиот свет, животот на оваа планета ќе оди по неповратниот пат на уништување.

Коронавирус