среда, 22. март 2023. Вести денес: 57
home Вести

ВИДЕО: Полицијата го совладува малолетникот кој со секира искасапи соученици

Нападот со секира во училиштето во селотото Соснов Бор на 19. јануари го извел 15-годишен ученик, повредувајќи шест ученици и наставничка.
ВИДЕО: Полицијата го совладува малолетникот кој со секира искасапи соученици

Објавена е снимка од апсењето на 15-годишниот тинејџер кој минатата седмица во училиште во Соснов Бор во руската република Бурнатија, со секира нападнал соученици, а полицијата соопштила и дека уапсила двајца тинејџери кои му биле соучесници.

-На барање на инспекторите, судот им одредил притвор на двајцата тинејџери, се наведува во соопштението на Истражниот комитет.

Портпаролката на Истражниот комитет, Светлана Петренко, за “Tass” вели дека соучесниците имаат 14 и 15 години.

-Откако беа испрашани напаѓачот, очевидците и жртвите, како и на основа на резултатите од истрагата, откриено е дека напаѓачот го извршил нападот со уште двајца соученици од своето одделение, рекла таа.

Нападот со секира во училиштето во селотото Соснов Бор на 19. јануари го извел 15-годишен ученик, повредувајќи шест ученици и наставничка. Тој е ученик во деветто одделение, а нападнал две години помлади ученици. Тој потоа предизвикал и пожар и самиот си нанел повреди со нож.

loading...