сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 97
home Вести

ВИДЕО: Полицаец во Австралија давел девојка оти не носела маска

ВИДЕО: Полицаец во Австралија давел девојка оти не носела маска

Полицајци од австралиската сојузна држава Викторија се под истрага поради насилно постапување со жена која не носела маска.

Инцидентот е снимен како полицаецот ја фаќа девојката за врат и ја турка до ѕид, а таа вика „Ме давите“. Потоа девојката е турната на земја.

На снимката се гледа како и незјиниот парнер, кој го снимаше инцидентот им кажува на полицајците дека 21-годишната девојка е ослободена од обврската да носи заштитна маска од медицински причини.

– Јасно ми е дека сите мора да носат маски, но некои граѓани се ослободени од таквата обврска. Начинот на кој ни пријдоа беше застрашувачки. Тие би требало да не штитат. Не се чувствувам заштитетено, изјави парнерот на нападната девојка.

Коронавирус