четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 9
home Вести

ВИДЕО: Побара „пет минути насамо“ со силувачот на своите три ќерки, па настана вистински хаос во судницата

ВИДЕО: Побара „пет минути насамо“ со силувачот на своите три ќерки, па настана вистински хаос во судницата

Рандал Маргрејвс побара „пет минути насамо“ со сексуалниот злоупотребувач осуден на 175 години затвор.

Таткото на три ќерки сексуално злоставувани од страна на Лари Насер се обиде да го нападне поранешниот американски лекар на гимнастичарскиот тим за време на неговото сослушување во судницата во Мичиген.

Две ќерки на Рандал Маргрејвс што туку сведочеа кога Маргрејвс од судијката Џенис Канингам побара време насамо со поранешниот лекар.

-Ќе побарам од вас како дел од казната да ми дадете пет минути во заклучена соба со овој демон, рече Маргрејвс, кој има трета ќерка, која исто така била злоставувана додека била под грижа на Насер, пренесе Гардијан.

Кога судијката одби, Маргрејвс одмавна со главата кон Насер и го нарече „кучкин син“. Додека другите се смееја во судницата, судијката го предупреди Маргрејвс за неговиот говор. Потоа, тој се нафрли врз лекарот.

Обезбедувањето на судот брзо го совлада Маргрејвс на земја. Насер истовремено беше изведен од судницата.

Насер веќе е осуден на 175 години затвор на посебно сослушување минатата недела и на 60 години за поседување на слики со злоставувани деца во 2017 година. Расправата оваа недела се фокусира на однесувањето на Насер во гимнастичкиот клуб Твистарс во Мичиген.

Коронавирус