вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Пентагон објави видео за кое тврди дека снимиле НЛО

ВИДЕО: Пентагон објави видео за кое тврди дека снимиле НЛО

Пентагон официјално објави три кратки видеа на кои се покажуваат неидентификувани летечки објекти (НЛО). На секое од видеата, кои претходно биле објавени од приватна компанија, се гледа брзо движење на НЛО снимено со камери за ноќно снимање. На две од видеата се забележуваат и реакции на луѓе кои ги гледаат објектите, додека еден глас претпоставува дека можеби станува збор за дрон.

Според портпаролот на Пентагон, Сју Гоу, видеата биле објавени за да се расчистат недоразбирањата во јавноста за нивната автентичност. Тие првпат биле објавени помеѓу декември 2017 и март 2018 од компанијата „Ту д старс академи оф артс енд сајенсис“, која се занимава со истражување на информации за неидентификувани летечки феномени.
Пентагон претходно истражувал снимки од непознати летечки објекти во рамки на тајна програма која завршила во 2012. Поранешниот директор на програмата, Луис Елизондо, во 2017 година изјавил дека тој лично верува дека има доволно докази што покажуваат дека „не сме сами“. Овие летала имаат карактеристики кои моментално не се присутни во САД или во која било странска земја, според него.

Тој дал отказ од министерството за одбрана во 2017 поради тајноста во која била спроведувана програмата и по одлуката за прекинување на нејзино финансирање.

Коронавирус