четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 132
Во живо

Скопје и денеска блокирано, ВМРО-ДПМНЕ протестира на три локации!

home Вести

ВИДЕО: Падот на украинскиот авион во Иран

ВИДЕО: Падот на украинскиот авион во Иран

Иранската студентска новинарска агенција објави снимка на која, како што тврдат е прикажан падот на украинскиот авион „Боинг 737“, при што загинаа сите 167 патници и девет членови на екипажот.

Украинскиот авион се урна веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран.

На снимката се гледа авион како во вид на огнена топка паѓа на земјата по што следеше експлозија.

Објавени се и фотографии од местото на несреќата, на кои се гледаат расфрлени делови од авионот и телата на жртвите, како и спасувачки екипи со маски го пребаруваат теренот додека областа ја контролираат хеликоптери.

Иранските медиуми објавија дека спасувачката служба ги пронашла црните кутии во близина на иранската престолнина и се предадени на полицијата.

Авионот се урна само неколку часа откако Иран изврши ракетен напад врз две бази во Ирак каде се сместени американските сили, во знак на одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Коронавирус