понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 72
home Вести

ВИДЕО: Ова е новата портпаролка на Доналд Трамп

ВИДЕО: Ова е новата портпаролка на Доналд Трамп

Новата портпаролка на претседателот на САД, Доналд Трамп, Кејли Мек Ени, на својата прва прес-конференција вчера вети дека секогаш ќе и ’ја кажува на јавноста вистината.

„Никогаш нема да ве лажам. Ви давам чесен збор“, рече Мек Енини во Белата куќа.

Сегашната американска влада има особено затегнат однос со медиумите. „Вашингтон пост“ пресмета дека Трамп објавил 18.000 „лажни или измамнички тврдења“ како претседател.

Конференцијата на МекЕнани беше прво обраќање на главен службеник за комуникации од првата половина на 2019 година.

Претходната портпаролка Стефани Гришам никогаш немала јавна прес конференција.

Мек Енани објави дека нема да има дневно покривање за медиумите, но официјалните средби со новинарите ќе бидат редовен дел од нејзиниот распоред.

Прес-конференцијата во петокот се одржа откако Трамп престана секојдневно да држи конференции за пандемијата на коронавирус.

Некои извештаи тврдат дека една внатрешна анкета на Белата куќа открила дека ваквите говори, понекогаш траат и до два часа, и ја намалувале популарноста на претседателот.

Коронавирус