среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 8
home Вести

ВИДЕО: Откриена причината за падот на украинскиот Боинг

ВИДЕО: Откриена причината за падот на украинскиот Боинг

Не станува збор за терористички или ракетен напад, несреќата нема врска со актуелната криза меѓу САД и Иран, објави украинската амбасада во Техеран по падот на авионот „Боинг“.

Украинскиот авион со 176 патници и членови на екипажот кој утринава се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот во Техеран не прогласи тревога, изјави Хасан Резеифар, генерален директор на Комисијата на иранската организација за цивилна авијација која ја истражува несреќата.

Украинската амбасада во Техеран соопшти дека 168 лица купиле билет за овој лет и дека екипажот броел 9 члена, а преелиминарнарниот извештај покажува дека авионот паднал поради проблеми со моторот.

Иранските и украински официјални лица велат дека оваа несреќа не е поврзана со ракетните напад на Иран врз базите на во Ирак во кои се наоѓаа американски трупи.

Според извештаите на иранската Црвена полумесечина никој не го преживеал падот на авионот. Истражните органи соопштуваат дека еден од моторите се запалил и пилотот изгубил контрола над леталото.

Иранската државна телевизија објави дека во авионот биле 32 странски државјани не наведувајќи ја нивната националност.