недела, 2. април 2023. Вести денес: 21
home Вести

ВИДЕО: Орбан го возеше Чак Норис- му порача дека е „уличен борец“

ВИДЕО: Орбан го возеше Чак Норис- му порача дека е „уличен борец“

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан се запозна со легендарниот американски актер, Чак Норис, па видеото од целата средба го објави на својата Фејсбук страница.

Орбан разговараше со познатиот американски актер Чак Норис за неговите политички ставови и за животот, кажувајќи му дека и тој е „уличен борец“, додека се возеа заедно во автомобил за да следат антитерористичка вежба во Унгарија, пренесува Јуроњуз. Орбан објави видео-снимка од нивното дружење на Фејсбук.

– Знаеш, јас всушност сум уличен борец. Не доаѓам од елитата. Јас потекнувам од мало село на 40 километри одовде – кажа Орбан.

Ѕвездата позната по акционите филмови со боречки вештини го спореди унгарскиот политичар со американскиот претседател Доналд Трамп.

Чак Норис е во посета на Унгарија, во рамките на иницијатива во добротворни цели. Гласноговорник на кабинетот на Орбан соопшти дека американскиот актер ќе одржи неколку презентации во Унгарија, потврдувајќи ја средбата со премиерот.