понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

ВИДЕО: Огнено торнадо, евакуирани илјадници луѓе

ВИДЕО: Огнено торнадо, евакуирани илјадници луѓе

Пожарите кои беснеат во калифорнискиот округ Шаста, во комбинација со силен ветер формираа „огнени торнада“.

Тие откорнуваат дрва и превртуваат автомобили, јавува Би-Би-Си повикувајќи се на претставник од локалната противпожарна служба.

-Гледаме огнени вртлоци – нешто што буквално може да се опише како торнадо, изјавил директорот на калифорниското Одделение за шумарство и заштита од пожари, Кен Пимлот.

Околу 37.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради шумските пожари кои беснеат во северна Калифорнија, во кои досега загинаа двајца пожарникари.

Во пожарите уништени се најмалку 500 објекти, а загрозени се илјадници куќи, јавува Би-Би-Си.

На теренот има повеќе од 3400 пожарникари, но од локалната служба предупредуваат дека во наредниот период ќе преовледува суво и топло време, што би можело да ја влоши ситуацијата.

Локалните медиуми јавуваат дедка три лица се водат за исчезнати.

 

Локални избори 2021