недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

Видео од ураганот „Дориан“: Ветрот се движи 240 километри на час

Видео од ураганот „Дориан“: Ветрот се движи 240 километри на час

Ураганот Дориан се приближува кон северниот дел на Бахамите како бура од 4. категорија со удари на ветер од 240 километри на час.

Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис рекол на прес-конференцијата дека 73.000 луѓе се загрозени од бурата и ги предупредил жителите на помалите острови да се евакуираат, јавува Ројтерс.

Хотелите се затворени, а многу жители засолниште побарале во црквите, училиштата и другите објекти во исчекување на ударот на ураганот во текот на денот.

Дориан во моментов е оддалечен околу 450 километри од Вест Палм Бич на Флорида, јавува АП.

Милион жители од Флорида до Каролина се во страв од ураганот, додека метеоролозите преедупредуваат дека Дориан може да преедизвика опасни поплави дури иако не удри директно на копно, наведува агенцијата.

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарес, прогласи вонредна состоја во саботата попладнето поради евентуални закани од ураганот Дориан.