сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 72
home Вести

ВИДЕО од силниот земјотрес во Перу, ова се последиците од потресот

ВИДЕО од силниот земјотрес во Перу, ова се последиците од потресот

Најмалку 40 лица се повредени во силниот земјотрес кој вчера ја погоди земјава, јавија властите во Перу.

Според податоците, повредени се 35 лица, а три лица меѓу кои и една трудница се потешко повредени при рушење на објекти, додека 10 други имаат скршеници.

Епицентарот на потресот со јачина од 6,1 степен бил на длабочина од 36 километри.

Агенцијата за цивилна одбрана истакна дека оштетени се 187 куќи, од кои во шест не може да се живее.

Се појавија видео снимки на кои се гледа моментот на потресот и дел од последиците после него.

Коронавирус