сабота, 30. септември 2023. Вести денес: 12
home Вести

Видео од нападот врз Марина Абрамовиќ во музеј во Фиренца

Видео од нападот врз Марина Абрамовиќ во музеј во Фиренца

Маж вчера ја удри српската уметница Марина Абрамовиќ со слика во главата. Инцидентот се случи во музејот „Палацо Строци“ во Фиренца. Директорот на установата Артуро Галансино соопшти дека Абрамовиќ не е повредена.

„Сè е во ред“, напиша Галансино на Твитер.

Италијaнските медиуми објавија дека сликата со дрвена рамка со која е извршен нападот е портрет од Абрамовиќ кој го насликал напаѓачот.

Полицијата отвори истрага за инцидентот. Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ пишува дека напаѓачот, чие име не е објавено, двапати во јавност се појавил гол во текот на изминатите години, а еднаш лежел гол на лажни долари.