недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 55
home Вести

Видео од автомобилот кој се заби во зграда- возачот користел наркотици

Видео од автомобилот кој се заби во зграда- возачот користел наркотици

Автомобил се заби на втор кат од зграда во Јужна Калифорнија, откако возачот со огромна брзина излетал од патот, удрил во оградата и завршил во ѕид од објект, каде што има стоматолошка ординација.

Видео снимката од локалната пожарна служба го покажуваат белиот „седан“ како виси заглавен во зградата, а задниот дел му е навален надолу.

Во автомобилот имало две лица – еден од нив успеал да излезе, додека другиот бил заглавен повеќе од еден час додека не го извлекле пожарникарите.

Полицијата информираше дека возачот признал оти користел наркотици.

Стефан Хорнер, портпаролот на пожарната управа на округот Оринџ, изјави дека официјалните лица добиле повик дека се случила несреќа во Санта Ана, Калифорнија, околу 5:30 часот.

Коронавирус