среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 82
home Вести

ВИДЕО: Објавени фотографии и видео од местото на убиството на иранскиот генерал Сулејмани

ВИДЕО: Објавени фотографии и видео од местото на убиството на иранскиот генерал Сулејмани

Фотографии и видеа се објавени на социјални медиуми на кои е прикажана наводното место на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Ирак.

Командантот на Иранската револуционерна гарда е убиен утрово во американски воздушен напад. На снимките се прикажани остатоци од автомобил во кој се наоѓал тој заедно со соработници кои во конвој заминувале од аеродромот во Багдад.

Фотографиите ги објави Кабинетот на ирачкиот премиер.

Пентагон потврди дека Сулејмани е убиен во близина на аеродромот во Багдад „по наредба на претседателот“ Доналд Трамп, за да се заштитат американските трупи во странство.

Коронавирус