петок, 6. декември 2019. Вести денес: 99
home Вести

(ВИДЕО) Несреќа во забавен парк: Се откачи реквизит со голем број луѓе, има и жртви

(ВИДЕО) Несреќа во забавен парк: Се откачи реквизит со голем број луѓе, има и жртви

Најмалку две лица го загубиле животот во ужасна несреќа во забавен парк во Ахмедабад, Индија, откако нишало преполно со луѓе се скршило на половина во воздух и се урнало на земја.

Главната оска на нишалото Дискавери се скршила веднаш штом почнала да добива брзина, катапултирајќи ги сите во воздух. Вознемирувачките видеа од местото на настанот го покажуваат моментот на инцидентот, како и лицата што брзаат да им помогнат на повредените.

Две лица загинале во трагедијата, додека 15 се однесени во болница со сериозни повреди, рече Виџај Нехра од Општинската корпорација Ахмедабад.