петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 152
home Вести

ВИДЕО: Не ѝ купил на девојката добар подарок за празникот- му удрила 52 шлаканици среде улица

ВИДЕО: Не ѝ купил на девојката добар подарок за празникот- му удрила 52 шлаканици среде улица

Неименуван Кинез е прогласен за жртва на злоставување откако неговата девојка му удрила шлаканици во јавност и тоа најмалку 52 пати, бидејќи била вознемирена затоа што не ѝ купил телефон за кинескиот празник на љубовта.

Додека повеќето кинески парови го славеле празникот 520, кој е еден од трите дена годишно во кои се слави љубовта и романтиката, еден анонимен пар од Сичуана станал ѕвезда на интернет поради бурната реакција на девојката која од своето момче не добила тоа што сакала.

Снимката која ја снимиле околните надзорни камери, но и минувачите, се појавила на друштвените мрежи, а на нив се гледа млада жена која удира во маж на улица.

Како што се наведува, полицијата попдоцна потврдила дека мажот ја претрпел најмалку 52 шлаканици пред шокираните погледи на странците кои сведочеле за понижувањето низ кое поминало несреќното момче.

Она што навистина изненади милиони луѓе кои го погледнале видеото е мирниот став на мажот кој едвај се поместува, а не се ни обидува да ја скроти девојката на било кој начин.

Погледнете:

Коронавирус