понеделник, 24. февруари 2020. Вести денес: 163
home Вести

ВИДЕО: Насилни протести во Германија откако мигранти убија Германец

ВИДЕО: Насилни протести во Германија откако мигранти убија Германец

Најмалку шест лица се повредени во синоќешниот судир меѓу крајнодесничарски и левичарските демонстранти во источно-германскиот град Кемниц. Немирите започнаа уште во неделата вечерта, откако двајца мигранти, од Сирија и од Иран со нож убија 35 годишен Германец.

Десничарите набрзо се организираа и се кренаа на протести, а на друштвените мрежи се појавија информации дека на убиството му претходела расправија меѓу убиениот и напаѓачите.

Во синоќешните протести учествуваа 2000 крајнодесничарски и околу 1000 учесници на од левиот табор. За да спречи посериозна ескалација, полицијата употребила и водени топови.