петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Најмалку 20 повредени во нов конфликт меѓу Палестинците и Евреите во Ерусалим

ВИДЕО: Најмалку 20 повредени во нов конфликт меѓу Палестинците и Евреите во Ерусалим

Нов конфликт помеѓу Палестинците и Евреите, кои синоќа едни на други фрлале камења, столици, пиротехнички средства во Ерусалим. Групите на еврејското население сакале да ги иселат неколкуте палестински семејства, соопштија денес службениците.

Израелската полиција вели дека уапсиле четворица осомничени во населбата Шеик Дџарах. Но тие сеуште не знаат како започнал конфликтот.

Според полицијата, една жена е повредена откако со камен била удрена по грбот. Итната служба соопшти дека нивните тимови спасиле 20 Палестинци, вклучувајќи 16 кои биле испрскани со бибер-спреј и солзавци, како и ранети со гумени куршуми.

Од Црвената полумесечина пренесуваат дека една еврејска група фрлала камења кон амбулантно возило, додека друга прскала со отпадна вода кон нивно возило.

Инцидентот се случил поради најавеното иселување на палестинските семејества, по што Палестинците направија бројни масовни протести, а тој инцидент го поттикна конфликтот меѓу двата народа кој трае веќе 11 дена.

Коронавирус